речник контакт

Колку велешките фирми должат на државата за неплатен ДДВ?

Десет милиони евра должат педесетина велешки фирми за неплатен ДДВ кон државата, за период во последните пет години.

Петар Печков

Десет милиони евра должат педесетина велешки фирми за неплатен ДДВ кон државата, за период во последните пет години.

Листата на должници ја предводи МХК Злетово во стечај со 131 милион денари, потоа следат Тедико со 82 милиони, Колска со 55 милиони, АК Лозар со 45 милиони, Киро Ќучук со 31 милиони и Транс Велес со 30 милиони денари.

Меѓу должниците се наоѓаат и фирми кои се приватизирани или продадени, како што се Нокатекс со 19 милиони и Порцеланка со 9 милиони денари.

Во вкупниот долг од 610 милиони денари, една третина или 220 милиони е на фирми кои се ликвидирани или продадени но нивните стечајни управници заборавиле да ги подмират обврските кон државата.

Од велешката Управа за јавни приходи најавуваат дека кон неплаќачите ќе започнат да ги применуваат законските мерки со цел виновниците за овака осиромашена државна каса, да бидат казнети.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »